Зошто ти ме оставаш

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зошто ти ме оставаш
кажи Маре, кажи ми,
зошто ме забораваш,
кое момче ќе љубиш?
Сношти дојде татко ти
со мајка ми збореше,
свадба ќе ни правеа,
за нас двајца збореа.
Бог да бие татко ти
од сè што ми побара,
а јас него ниедно,
оти сум сиромавче.
Жал ми е од срцево
дека не сум со тебе,
оти руба си немам,
дека сум сиромавче.
Јас не слушам татко ми
руба Маре не сакам,
сега ќе се земиме
тргај Маре со мене.

Поврзано[уреди]