Зошто ми се срдиш либе
Изглед
- Зашто ми се срдиш либе
- срдиш не доаѓаш?
- Дали коња немаш либе
- или друм не знаеш?
- Врана коња имам либе
- до три друма знае,
- само ти се срдам либе
- за сношната вечер.
- Јас ти реков: добро вечер
- ти ми рече: дојди вечер.
- Јас ти реков: добро вечер
- ти ми рече: дојди вечер.
- Дојди вечер на вечера
- дури не сме вечерале,
- дури не сме вечерале,
- вити порти затвориле.
- Рајна на порти стоеше,
- Рајна на порти стоеше,
- меракот си го чекаше,
- меракот си го чекаше.
- Оф, ој Рајне Бурева
- прибери ме мили Боже при неа
- Оф, ој Рајна Бурева
- јас не можам мили Боже без неа.
- Оздола иде Ѓошето,
- оздола иде Ѓошето,
- Ѓошето на поп Јаневци.
- И на Рајна вели, говори,
- и на Рајна вели, говори:
- Оф, ој Рајне Бурева
- Изгоре ме мили Боже со неа.
- Оф, ој Рајна Бурева
- јас не можам мили Боже
- ич без неа.