Земјо Македонска

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Земјо Македонска, уважавам те, 2х
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.
Уважавам твојте Македонијо
гори високи, 2х
горите висојте
и по теб’ херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.
По теб’ се белеат Македонијо,
безбројни стада, 2х
стадата белеат
а гроздови зрејат Македонијо,
по твој ридови.
Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет,
кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб. 2х

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Васка Илиева