Збогом мајко јас отидов

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Збогом мајко јас отидов,
Денот јас да загинам,
Разделба ми срце мачи
И пак ме тера да пејам.
Збогом татково огниште
Збогом браќа и сестри,
Збогом другари ем другарки
Стари и млади дечиња.
За последно збогум ви кажам
Последен пат ви пејам јас
Било каде јас да одам
Вас вечно ќе ве спомињам.
А за тебе мила мајко
Јас ќе жалам ем тажам
В туѓа земја непозната
Живот ле мајко ќе поминам.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни