За кого ти цути Дано, лицето

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За кого ти цути Дано, лицето,
По кого ти шарат Дано, очите,
За кого ја чуваш Дано, снагата,
Таа рамна снага Дано, мермерна.
Галено, галено Дано, кој ќе ја
Твојта руса коса Дано, милува,
Срмено елече Дано, раскопчува,
Твојто медно усте Дано, целува.
Не лудувај лудо младо, по мене,
Не губи си лудо младо години,
Синоќа ме стара мајка армаса,
З'едно старо аро лудо, грбаво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика