За Фросина
Изглед
- Фросино, моме убаво
- Фросина седит на чардак
- на шарен ѓерѓев везеше
- лице је с'нце грееше.
- Помина што ми намина
- од Алил Паша кабатникот,
- на Фросина е зборвеше:
- Фросино моме убаво,
- скри си го белото лице
- со копринена шамија,
- пашата седит на диван,
- со шарената дуљбија,
- да не те паша догледат.
- Ушче зборот не дорече
- пашата ми ја здогледа,
- в' часот ми пушти гавази
- на Фросина е зборвеја:
- Фросино моме убаво
- здраво живо од Алил Паша,
- вечер да готвиш вечера
- во шареното одајче.
- Миндери да му постелиш,
- перници да ги наредиш,
- пашата да го пречекаш.
- Алал е било на Фросина
- на гавази му зборвеше,
- ич гајле што му немаше:
- Ајде бре, силни гавази
- од Алил Паша пратени,
- здраво живо на Алил Паша
- да не се мамит да дојдит!
- Да не се мамит да дојдит
- не можам паша да чекам,
- и пред паша не излегвам.
- Јас си сум моме рисјанче,
- јас си сум вера крстена.
- Фросино моме убаво
- ти голем бакшиш да дадеш,
- Алил Паша го загубија
- во Јанинската чаршија.
- Во Јанинската чаршија
- главата му ја шетаа
- низ тие пусти сокаци.