За Зарина
Изглед
(Ој Зарино, прва севдо)
- Ој Зарино, прва севдо [2x]
- Еднуш јас дојдов дома ти. [2x]
- Еднуш јас дојдов дома ти, [2x]
- тебе дома не те најдов. [2x]
- Тук' те најдов по комшии, [2x]
- по комшии, по азбашчи. [2x]
- Кај се нишаш на нишалка [2x]
- со твоите први другари
- со мојте баш душмани.
- Мор Зарино, прва севдо, [2x]
- ако ме љубиш, љуби ме,
- ако не право кажи ми.
- Ако не, право кажи ми [2x]
- да си го барам чарето,
- да не си губам времето.
- Да си го барам чарето [2x]
- младост течит како река,
- а младост не е за два века.