Затрепери Козјак планина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трепери Козјак планина,
Крсто војвода проваѓа,
по њега чета комитска,
комитска, баш Македонска.
Проговара Крсто војвода:
- „Тамо е село Довезен,
тамо е Јован Довезенски,
тамо са српски четници.
Искачај Јован Довезенски,
предај се куче четничко.
Дувло ќе ти изгоримо,
чета ќе ти заробимо“.
Запукаа пушки комитски,
љута се битка зададе.
Љута се битка зададе,
српска се чета предаде.

Поврзано[уреди]