македонска народна епска песна. Постојат повеќе верзии, во зависност од географскиот извор.
Прва верзија Заплакало е Мариово, заплакало е За тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре, Каде си Ѓорѓи, сега да дојдиш, Леле да дојдиш, Од душманите да не куртулиш.
Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна, Од Демир Хисарските планина: Слушам ве народ, народ поробен, Леле, поробен,
Слушам ви гласој, гласој жалосни, Сега за скоро, јас ќе дојдам, ќе престигнам Со триесет одбрани момчиња, Сите со куси манлихери, манлихери, Сите со нагант леворвери.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди. Во тоа село Паралово, Бог да убије шпиуните Параловци, Ѓорѓија што ми го предадоа.
Втора верзија
Заплакало е Мариово
за тој си Ѓорги сугаре:
— каде си, Ѓорги, да дојдиш,
каде си страшен војводо,
од Грци да не куртулиш —
Грци станале шпиони!
Викна ми Ѓорги, повикна
од Демирхисар планини:
— Слушам ве, браќа, слушам ве,
слушам ви гласот жалостен,
еве сум, браќа, кај идам
со триесет одбор момчиња,
момчиња саде избрани
од цела казаа Битолска!
Пристигна Ѓорги Сугарев
со триесет одбор момчиња,
сите со пушки манлихер
и со наган леворвери.
Проклет бил шпион Лигушот —
тој ја предаде четата.
Кога ми стигна Сугаре
во Параловски ливади,
згрмеја турски залпои
од Параловски чукари.
Извикна Ѓорги Сугаре:
— Дружино верна, зговорна,
гуните пусија свиткајте,
зашто се камен не најдва!
Уште ми речта не рече,
згрмија нови залпои,
Ѓоргија ми го удрија
и многу одбор момчиња!