Прејди на содржината

Запеала Љуба во градина

Од Wikisource
Запеала Љуба во градина [x2]
да ја чуе Науме во планина. [x2]
Си остави стадо отворено [x2]
до стадото шарено кавалче. [x2]
Од кавалче змија проговара [x2]
расти, расти ти трево зелена. [x2]
Да порастиш таман до колена [x2]
ко ќе врви Љуба низ градина
да ја каснам Љуба за ногата.

Поврзано

[уреди]