Прејди на содржината

Замолил Стојан мајка си

Од Wikisource
Замолил Стојан мајка си, дејгиди
жени ме мамо, врши ме, дејгиди.
Жени ме мајко, врши ме, дејгиди,
за таа Тинка од село, дејгиди.
Мене ме срце тргнало по неа
умирам мајко загинвам за неа.
Тебе те Тинка не сака, дејгиди
зошто си Стојан млад, зелен, дејгиди.

Поврзано

[уреди]