Прејди на содржината

Зажни зажни бела Ружо

Од Wikisource

„Зажни зажни бела Ружо“

од Македонско народно творештво
Икономов,1,272 Македонски народни песни, Софија 1893 г.


Зажни зажни бела Ружо,
ти си арна на полаза,
ти си една у мајчица,
ти си лесна на рачица,
ти си имаш девет браќа,
уште девет братучеди.
Руже браќа е велеа:
-Немој Ружо,мила сестро,
немој Ружо,не зажнивај,
денеска се два праздника,
светиј Петор,светиј Павел
- Ружа браќа не послуша,
си зажнала бела Ружа,
извила се лута змија,
изела ја меѓу очи,
начас Ружа ослепела.[1]


Наводи

[уреди]
  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора „Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.58