Зажени се т'нка Митра метро д'лга три широка

Од Wikisource

„ Зажени се т'нка Митра метро д' лга три широка “

од Македонско народно творештво
од с.Лесново, пеел Ванчо Цонев (1960 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,Македонски хумористични песни

Зажени се т'нка Митра,
метро д' лга три широка,
леле,леле,туго,туго,
метро д' лга две широка.

Зажени се т'нка Митра,
Таму доле Овче поле,
ускраа колиштата,
узрикаа волиштата.

Отидоа у селото,
Да ми дигат т'нка Митра.
леле,леле,туго,туго,
метро д' лга три широка.

Си појдоа сватовите,
сваќа дола прчи кола,
свака рида дери вола.
Што е ова чудно чудо.

Па се чуди т'нка Митра ,
как че влезе у селото,
леле,леле,туго,туго,
Што е ова чудно чудо.