Заблеало рудо јагне
Изглед
- Заблеало, заблејало рудо јагне леле,
- среде трло, среде трло Стојаново.
- Ој Стојане, ој Стојане млад стопане леле,
- дури беше, дури беше млад неженет.
- Дури беше, дури беше млад неженет леле,
- ме пасеше, ме пасеше во горана.
- Пасев трева, пасев трева детелина леле,
- пиев вода, пиев вода од извора.