Жени ме мамо, жени ме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жени ме мамо, жени ме,
Жени ме слатка ле мамо,
Дур' сум млад ерген.
Дури ме мамо, дури ме,
Дури ме слатка ле мамо,
Моми сакаат.
Дури ми, дури ми,
Дури ми слатка ле мамо,
Китка прилега.
Да земам мамо, да земам,
Да земам слатка ле мамо,
Мома убава.
За тебе мамо, за тебе.
За тебе и за мојот татко,
Радост голема.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика