Жали горо, црни сестро
Изглед
- Жали горо, црни сестро,
- двајца да жалиме.
- Ти за твоите лисја, горо,
- јас за мојта младост.
- Твојте лисја, горо сестро,
- слана ги попари.
- А мојата младост горо,
- мајка ја зацрни.
- Што ме даде, горо сестро,
- многу надалеку.
- Надалеку, горо сестро,
- преку девет гори.
- Надалеку, горо сестро,
- зедов старо аро.
- Твојте лисја, горо сестро,
- в' пролет ќе разлистат.
- А мојата младост горо,
- нема да се врати.