Прејди на содржината

Еј ти моме, мало моме

Од Wikisource
Еј ти моме, мало моме,
Блазе тебе на душата.
Блазе тебе на душата,
Што си спиеш при мајка ти,
При мајка ти, при татко ти.
Ами јаска, сам сиромав,
Сам легнувам, сам станувам.
Сам легнувам, сам станувам,
На полноќ се разбудувам.
На полноќ се разбудувам,
Мало моме побарувам.
Мало моме побарувам,
Побарувам, на најдувам.
Побарувам, не најдувам,
Ал' перница заграбувам.
Ал' перница заграбувам,
Дробни солзи проронувам.
Дробни солзи проронувам,
Ал' шамиче натопувам.
Ал' шамиче натопувам,
На гради го исушувам

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика