Еј ти, Недо мори, бела Недо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еј ди, Недо мори, бела Недо,
што си толку Недо поранила?
Што си толку Недо поранила?
Чешма, ли, нема Недо во селото?
Има, има, лудо, как' да нема.
У селото, лудо, крај мегданот.
У селото, лудо, крај мегданот,
клети луѓе, лудо, омрсиле,
од дете крв, лудо, попрскале.

Поврзано[уреди]