Еј севдалино, еј малој моме
Изглед
- Еј севдалино, еј меанџике
- отвори ладна меана
- ти да ме служиш,
- ти да ме служиш,
- бела љута ракија.
Рефрен:
- Севдо ле оган душата ми гори
- по твојта снага убава. [х2]
- Еј севдалино, еј меанџике
- елај до мене приседи,
- ај ко да пијам,
- ај ко да пијам
- сакам да те милувам.
Рефрен
- Еј севдалино, еј меанџике
- дали ќе дојдеш со мене
- со мерак сакам, со тебе душо
- се тебе да се ќердосам.
Рефрен
- Еј севдалино, еј меанџике
- дали ме сакаш кажи ми,
- ако ме неќеш,
- ако ме неќеш
- дај ми уште ракија.