Еден бакнеж

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еден бакнеж

од непознат

Еден бакнеж, песни рој,

еден поглед, безброј сни,

моите желби немаат број,

штом ме плени

љуби ме ти...



Нова надеж срце греj,

штом ќе стаиш очи две,

твоjот поглед мој е плен,

штом го плени

љуби ме ти...



Нема тајни во оваа мала среќа,

да те љубам, зар тоа не е се,

и да постои оваа мила нежна надеж,

за еден твој мал срамежлив бакнеж.