Дојди мајко испрати ме
Изглед
- Дојди мајко испрати ме
- јас ќе си одам.
- Јас ќе одам мила мајко
- многу далеку,
- оф мајко ле туѓа туѓина.
- Јас ќе одам мила мајко
- туѓа туѓина.
- Да ги видам мила мајко
- нашите браќа.
- Да запејме мила мајко
- песна убава.
- Оф мајко ле песна убава,
- песна пејме солзи лејме
- за родниот крај.
- Кога стигнав мила мајко
- в' туѓа туѓина
- таму сретнав мила мајко
- браќа и сестри.
- Оф мајко ле, браќа и сестри
- песна пејме, солзи лејме
- за родниот крај.