Дотекла вода студена

Од Wikisource
Дотекла вода студена, леле оф аман,
Родила се Јана убава, оф аман,
Родила се Јана убава.
Кога се Јана родила, леле оф аман,
Мајка и магија сторила, леле оф аман,
Живо пиле в оган фрлила.
Како што се врти пилето, леле оф аман,
Така да се вртат ергени, леле оф аман,
По нашата Јана убава.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика