Димче и Киро Налбатот
Изглед
Димче и Киро Налбатот, стурија долу во градот
куќичка една крај паркот, пролетна вечер мирисна.
Загрме, збабна престрелка, го смршти сиот Кавадар
стотина против два мина, одбор на шака јунака.
Цел ноќ во огин пливаја, зверот го смртно биеја,
завет во пламен дадоа, душмански раце сал мртви.
В зори се итро јурнаа, да скршат синџир куршуми,
да летнат в гора зелена, кај својте мили другари.
Киро далеку излезе, од обрач тој се извлече,
го дочу гласот на Димче, па се поврати кај него.
В раце му умре другарот, огин го смртно погоди,
гради му машки пронижа, падна и Киро Налбатот.
Низ град се песна разлеа, во тие гори ридишта,
по тије лозја, ровови, напред во борба неравна.
Извор
[уреди]Надворешни врски
[уреди]- „Димче и Киро Налбатот“, во изведба на Акустико Бенд
- „Димче и Киро Налбатот“, во изведба на Октет „Македонија“