Прејди на содржината

Димчета аскер го писале

Од Wikisource

Димчета аскер го писале е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Димчета аскер го писале
Димчета аскер го писале
од баш Безирѓан детето
аман, аман
од баш Безирѓан детето.
До три години свршено
до три вечери женено
аман, аман
до три вечери љубени
Кога разбрала невестата
пљусна си две бели раце
аман, аман
пљусна си две бели раце.
Право ми тргна на сарај
на сарај кај Шаин Бега
аман, аман
на сарај кај Шаин Бега.
Ефенди џанам ефенди
колку флорини ќе сакаш
аман, аман
од грло ќе ти извадам.
Од грло ќе ти извадам
Димчета да го отпушчиш
аман, аман
Димчета да го отпушчиш.
Невесто млада невесто
царот флорини не сакат
аман, аман
туку ми сакат момчиња.
Момчиња како Димчета
што знает пушка да носат
аман, аман
што знает сабја да вртет.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни