Димитар Миладинов/ Писмо до Петар Иванович Севастијанов (2)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Писмо до Петар Иванович Севастијанов

од Димитар Миладинов
Писмото е испратено или во Москва или Петерсбург.[1] На современ македонски правопис.


Ваше Превосходителство генерал П. Севастијанов,


Вашето последно писмо достојно за почит, го примив радосен преку двајца кукушани, Д.Арабаџиев и Тено, заедно со седумте империјалски жолтици и се друго целосно испратено, за кое доволно Ви благодарам и најмногу заради Вашата милост кон нас, Вашите слуги. Јас не умеам да напишам добро на мајчиниот јазик, за мој’та почит кон вашето високо лице, а пак на грчки не се рабираме. Затоа ќе ми простите.

Кукушкиот старешина со почит ви ја бакнува вашата добродетелска рака и се надеваме мало и големо за она печатено општо писмо да им биде предадено на високите лица кои ке имаат и „simpathie“ за овдешниот малечок крај во Источна Македонија, за да ни се лулаат македонско-бугарските дечиња во словенска колевка и словенско да цицаат мајчино млеко и Словени цели да пораснат. И јас се надевам со името Божјо и верувам дека семето од добродетелите да падне на арна и плодна земја и до веќе да ги знаеме нашите добродетели. Како што ми пишувате од Света Гора во февруари да Ве најде моево писмо, така и направив. Ние му бевме пишувале секоја година на конзулот Мустаксида[2] за црковни книги, уште минатата година за словенски црковни книги, но тоа излезе глуво и шупливо, пишуваме и во Цариград, и од таму ни глас ни одговор никаков. Со исто писмо и исти печат Ви испративме Ваше Високо превосходителство во Атон и со повелба Божја јавно се надеваме да не останеме сираци од сиромашката ни молба. Жибееле мнозина еднокрвци кои гледаа со питомо и слатко око дури ваму во кутра Македо-Бугарија и благородни и многу добродетели , слушаме дека се издигнале за добрините на источната црква. Фала Богу! И од се би било поарно, подобро, поубаво, за ова место овдешно да се дадеше висока дозвола за да дојдат две-три лица за барање помошод таму.Старини што ќе ми паднат во рака ќе ги испратам кај брат ми К. Хр. Миладинов.

Примете покорна почит и да бидам и да имам шест на Вашето Превосходителство.


Во Кукуш, 19 декември 1858 г.

Покорен слуга,

Д. Хр. Миладинов

Белешки

  1. На 19 декември 1858 г. кога е напишано ова писмо од Д. Миладинов, П. Ив. Севастијанов бил на пат за Петербург
  2. Мустаксидис – руски конзул во Солун, по потекло Грк.