Дигни си моме очите

Од Wikisource
Дигни си Маро Марче очите,
да видам плакало ли си.
Да видам плакало ли си,
плакало ли си или не.
Како да плачам, либе ле,
свршија ли ергените?
Свршија ли ергените,
како за тебе момите?
Не се, бре, либе свршиле,
но нема друга как' тебе.
Но нема друга как' тебе,
по срце и по табиет.

Поврзано[уреди]