Прејди на содржината

Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија (1945)

Од Wikisource


Федеративна Народна Република Југославија

Назив Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија
Година 1946
Службен лист Службен лист на ФНРЈ 1/47
Изгласана 29 ноември 1945
Објавена 30 ноември 1945
Орган Сојузна скупштина на Федеративна Народна Република Југославија
Правен статус   НеН вон сила
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија

Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија

[уреди]

        Низ дваесет и двете години на постоењето на Југославија пред војната, нејзините народи не могле да ги остварат своите вековни теженија: националната рамноправност и социјалната правда. Вместо да биде создадено нивното братско единство на основание рамноправноста, ненародната владивина на една хегемонистичка клика создавала помеѓу нив се подлабок јаз и меѓусобен раздор.

        Таква политика на угнетуење поедини народи и на нивното разединуење, како и бруталната политичка и социјална реакција која ја спроведуеле реакционерните клики со монархијата на чело, ја ослабила државата однатре како и спроти надворешниот свет, што довело до катастрофални последици во времето на наездата на фашистичките сили на Југославија во април 1941 година.

        За време на априлската наезда на Германија и другите фашистички сили на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ немал ни способност ни волја да организира отпор на народот против окупаторот, туку побегнал во странство, а народите на Југославија ги препуштил на нивната судбина.

        Со своите постапки за време народноослободителната борба Петар II Караѓорѓевиќ го ослабил отпорот на народот спроти окупаторот. Тој со сите средства ги помагал издајниците кои од 1941 непрекидно воделе борба против Народноослободителната војска, односно против оелободителниот покрет на народот, а соработуеле со окупаторот.

        Народите на Југославија станале во борба против фашистичките окупатори и домашните издајници, цврсто решени да ја бранат својата независнот и слободата и да го допринесат својот удел на општите усилија на уединени нации против заедничкиот непријател. Во четиригодишната борба народите на Југославија го оствариле своето цврсто единство и братство. Оние со крвта и животите на своите најарни синови не сако да ги победиле окупаторите и нивните домашни соработници, току го уклониле сето оноа што во миналото ги раздвојуело. Оние цврсто решиле да создадат таков внатрешен поредок кој ќе им овозможи мирен развиток и остваруење на поарна и посреќна иднина.

        Народите на Југославија се увериле како во периодот од првата до втората светска војна, така и во самиот тек на четиригодишната ослободителна берба, да монархијата била најголема пречка за создавањето на новата Југославија, братската и демократската заедница на рамноправните народи.

        Оние се увериле да монархијата е главен кривец и за сите постапки на ненародните режими и пред војната како и за оноа што нашите народи морале да поднесуат од домашните издајници кои биле помагани од монархијата.

        На основание тоа и согласно на слободно изразен.ата волја на сите народи на Југославија, Уставотворната скупштина на заедничкото заседание на Сојузната скупштина и Скупштината на народите, решила и решуе во име на народот и на основание законските одлуки на обата дома:

I

        Демократска Федеративна Југославија се прогласуе за народна република под име Федеративна Народна Република Југославија!

        Федеративна Народна Република Југославија е сојузна народна држава на републиканска форма, заедница на рамноправните народи кои слободно ја изразиле својата волја да останат уединени во Југославија.

II

        Со оваа одлука конечно во име на сите народи на Југославија се укинуе монархијата во Југославија а Петар II Караѓорѓевиќ со целата династија на Караѓорѓевиќи се лошава од сите права кои нему и на династија на Караѓорѓевиќи припаѓале.