Дедо мили златни

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дедо оди на пазар,
коња јава без самар.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Баба јава на муле,
дедо пуши со луле.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Дедо оди на бостано,
баба праша са фустано.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Баба иде од нивата,
дедо гледа во тавата
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Дедо иде на ручок,
баба пече цел кравчо.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Баба преде на вретено,
дедо јаде печено.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Дедо оди за пиперки,
баба гали двете ќерки.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.
Баба јаде пиперка,
дедо свири на шупелка.
Дедо мили, златни,
бабина прва љубов,
дедо мили, златни,
бабиново момче.

Поврзано[уреди]