Девојко лична румена

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Девојко лична румена
кој ли те тебе милува? [х2]
Само твојте очи бре лично моме
со нежен поглед ме милуваат.
Љуби ме, љуби ме
бакнежи даруј ми,
за љубов искрена
две срца тагуваат.
Девојко ти ѓаволеста
ај да ми бидеш невеста? [х2]
Море лично момче не чекај дојди
само за тебе јас живеам.
Љуби ме, љуби ме
бакнежи даруј ми,
за љубов искрена
две срца тагуваат.
Девојко тенка висока,
остани моја до века. [х2]
Твоја верна љубов јас земам момче
и со тебе момче ќе живеам.
Љуби ме, љуби ме
бакнежи даруј ми,
за љубов искрена
две срца тагуваат.

Поврзано[уреди]