Прејди на содржината

Девет години верно да љубиш

Од Wikisource
Љубев јас едно лудо младо,
оно ми беше несвршено.
Девет години на срце лежи,
рана в срце ми остави.
Многу је тешко верно да љубиш,
верно да љубиш девет години.
Многу је тешко верно да љубиш,
тага в срцето ми остави.
Нашата љубов не је верна,
ниту пак беше права истина.
Јас да те љубам, друг да те има,
каде и што сум не се знајев јас.
Многу је тешко верно да љубиш,
верно да љубиш девет години.
Многу је тешко верно да љубиш,
тага в срцето ми оставаш.
Ако јас умрам, ти се молам,
ти да ми дојдиш на гробот мој.
Солзи да рониш и да ме жалиш,
стара љубов што си имавме.
Многу је тешко верно да љубиш,
верно да љубиш девет години.
Многу је тешко верно да љубиш,
тага в' срцето ми остана.

Поврзано

[уреди]