Да ти пукне мила мајко најмилото
Изглед
- Да ти пукне мила мајко најмилото,
- Што ме даде, мила мајко, пусти Варош.
- Оф, леле, леле, леле, пусти Варош,
- Оф, аман, оф аманам, пусти Варош.
- Пусти Варош, мила мамо, кај Митриќевци,
- Митриќевци, мила мамо, многу луѓе,
- Оф, леле, леле, леле, многу луѓе,
- Оф аман, оф аманам, многу луѓе.
- Сум месила, мила мамо, девет зелници,
- Ред не дојде, мила мамо, јас да каснам,
- Оф леле, леле, леле, јас да каснам,
- Оф аман, оф аманам, јас да каснам.
- Ми велеа, мила мамо, сум каснала,
- Сум каснала, мила мамо, кај мајка ми,
- Оф леле, леле, леле, кај мајка ми,
- Оф аман, оф аманам, кај мајка ми.
Друга песна (или верзија) со истото име
[уреди]- Да ти пукне мамо најмилото,
- Најмилото мамо, најдрагото,
- Шо ми је даде мамо на далеко,
- На далеко мамо преку Вардар.
- Преку Вардар мамо, мечкино село,
- Мечкино село мамо,
- Мечкине људе,
- Малечко дете.
- На црква јодам мамо,
- И он по мене иде,
- И он помене иде,
- И додо ме вика.
- Не ти сам дода лудо,
- Туку сам жена,
- Туку сам ти жена лудо
- Желки да ти јадат.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |
Поврзано
[уреди]Надворешна врска
[уреди]Оваа песна е собрана од селото Куфалово, од околината на Солун.