Прејди на содржината

Да ме молат не се женам

Од Wikisource
Да ме молат не се женам
да ме молат да ме колат
не, не, не се женам не
не, не се женам не.
Ако земам млада мома
не ќе се заврти дома
не, не, не се женам не
не, не се женам не.
Ако земам мома стара
дење ноќе ќе се кара
не, не, не се женам не
не, не се женам не.
Ако земам распуштена
не ќе седи ни два дена
не, не, не се женам не
не, не се женам не.
Ако земам удовица
ќе донесе многу деца
не, не, не се женам не
не, не се женам не.

Поврзано

[уреди]