Прејди на содржината

Дафино црвен каранфил

Од Wikisource
Дафино моме мори црвен каранфил
кога ти видов белото лице, црните очи
црните очи, гајтанли веѓи, умрев за тебе.
Дафино моме мори
срце ми гори моме
севда ме мори.
Дафино моме мори црвен каранфил
кога ти видов китка во коса, умрев за тебе
китка во коса, црвен каранфил, умрев за тебе.
Дафино моме мори
срце ми гори моме
севда ме мори.
Од гледање бре лудо фајде си немаш
мене ме мама лудо ветила уште малечка. [х2]
Лудо ле лудо младо
срце ми гори лудо
севда ме мори.
Лудо ле лудо младо бре, а бре будало
не чекај лудо не губи време појди за мене. [х2]
Лудо ле лудо младо
срце ми гори лудо
севда ме мори.
Дафино моме мори
срце ми гори Дафе
севда ме мори.

Поврзано

[уреди]