Дафинка платно белеше
Изглед
- Дафинка платно белеше
- дилбер Дафинко
- на бели Дунав, Дунав, е.
- Силен је ветер повеје,
- в' кајче ле мило
- Дафинка ми је понесе.
- Мајка е ќерка бараше:
- - Ќерче ле мило
- каде си ќерко Дафино?
- Еве сум мајко в' темнина
- мајче ле мило
- не можам мајко д' излезам.
- Нозеве ми се врзани
- мајче ле мило
- со раки до три корења.
- Рацеве ми се сплеткани
- мајче ле мило
- од бесценети камења.