Дано ле Данче убава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дано ле Данче убава
Дано ле стројна гиздава
што си ми замислена
што си ми натажена?
Дали те некој навредил
или те мајка искара,
та твојте црни очи
често се полни солзи?
Ниту ме некој навредил
ниту ме мајка искара,
туку ме либето превари
за друга сношти се армаса.

Поврзано[уреди]