Прејди на содржината

Дали знаеш моме паметуваш

Од Wikisource
Дали знаеш моме паметуваш
кога бевме моме во ливаѓе?
Кога бевме моме во ливаѓе,
во ливаѓе моме под тополи?
Сите пари моме ми ги зеде
без пет пари моме ме остави.
Дај ми малку моме од парите
да си купам моме брза коња.
Да си купам моме брза коња
да не одам моме пеш до село.
Кучињата моме да ме лајат
а момите моме да се смејат.

Поврзано

[уреди]