Дали знаеш мило либе

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дали знаеш мило либе
кога двата се љубевме?
Како два галаби бели
ширно високо летавме.
Кој ни скрши мило либе
крилца бели та паднавме?
Крилцата ни се скршија
мене тешко ме ранија.
Ние бевме мило либе
трендафили два румени
в' мајско утро расцветани
еден до друг посадени.
Али никна, не изникна
судбата нас не раздели
еден од друг на две страни
еден од друг с' тешки рани.

Поврзано[уреди]