Прејди на содржината
- Дали знаеш мила мајко
- што сум несреќна
- стално дома сама седам
- надвор не смеам.
- Еј мила мајко проклета да си
- Еј од либето што ме раздели.
- Од либето што ме раздели
- без да сакам јас
- в' гради болка ми остави
- на срце мраз.
- Еј мила мајко проклета да си
- Еј од либето што ме раздели.
- Дали пак тој ќе се врати
- јас да го чекам
- до две думи јас да му кажам
- дека ќе умрам.
- Еј мила мајко проклета да си
- Еј од либето што ме раздели.
- Две години тајна љубов
- нека секој знај
- таа мене ќе ме мачи
- дури до гроба.
- Еј мила мајко проклета да си
- Еј од либето што ме раздели.
-