Прејди на содржината

Грозда мома мести три бајрака

Од Wikisource
Грозда мома, Грозда мома,
Грозда мома, на бунаро.
Она била бојаџика,
она мести три бајрака.
Еден зелен, други модер,
треќи црвен, трети црвен.
Еден бајрак за на собор,
други бајрак за на свадба.
Црвен бајрак за на војна,
за на борба, за слобода.

Поврзано

[уреди]