Прејди на содржината

Гена ми појде на чешма

Од Wikisource
Гена ми појде на чешма
стомните да си наполни [х2]
јунак од гора да лади [х2]
раните да му исцели.
Ах Гено, Гено убава
донеси вода студена. [х2]
Наполни Гена стомните
накачи патот кон дома, [х2]
отвори порте капиџик [х2]
подаде стомне на јунак.
Ах Гено, Гено убава
донеси вода студена. [х2]
Дигна ми јунак стомнето
разлади грло јуначко
поврати снага ајдучка,
однесе Гена во гора.
Ах Гено, Гено убава
донеси вода студена. [х2]

Поврзано

[уреди]