Прејди на содржината

Во нашето село куќа шимширова

Од Wikisource
Во нашето село куќа шимширова
де дилбер моме шарена одаја.
Тамо се собрале сите млади момци,
де дилбер моме редум со момите.
Јас си дома чекам либе да ми дојде,
де дилбер моме либе ќе дојди.
Малку го почекав и го недочекав,
де дилбер моме на седенка појдов.
Кратко си почукав, врата се отвори,
де дилбер моме татко да ти видов,
де дилбер моме мојто либе тамо.
Колку лесно било моме да се лаже,
де дилбер моме самата го видов,
де дилбер моме ерген да се љуби.

Поврзано

[уреди]