Возот браќа тргнува

Од Wikisource
Возот браќа тргнува
право за Германија,
стари мајки остануваат
дробни деца да гледаат.
Одиме, пееме, солзи рониме
тој прв што замина сал го колниме. [x2]
Со либето одиме
пари да спечалиме,
пари да спечалиме,
куќа да направиме.
Одиме, пееме, солзи рониме
тој прв што замина сал го колниме. [x2]
Наши верни другари
таму ќе не пречекаат,
ергени ќе пеат
жените ќе жалат.
Одиме, пееме, солзи рониме
тој прв што замина сал го колниме. [x2]

Поврзано[уреди]