Вилијам Гледстон за Македонското прашање

Од Wikisource
Вилијам Гледстон за Македонското прашање

од Вилијам Гледстон
Тврдината Хаварден, Честер, 19 јануари 1897.
Драги Господине,

Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова поддршка.

Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници.

Ваш многу искрен В.Е. Гледстон