Вечна љубов пак ќе водиме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Како да те оставам
ил да те заборавам, [x2]
и да сакаш не знаеш
без мене не ќе можеш. [x2]
Вечна љубов пак ќе водиме
еден до друг пак ќе одиме
среќни нека бидат денови
нека пукнат душмани.
Сите ми се потсмеваат
дека љубам бекрија, [x2]
ни на Север, ни на Југ,
како мене нема друг. [x2]
Вечна љубов пак ќе водиме
еден до друг пак ќе одиме
среќни нека бидат денови
нека пукнат душмани.
Јас пак љубов не кријам
од тебе не заспивам, [x2]
се ќе имаш од мене
се ќе сторам за тебе. [x2]
Вечна љубов пак ќе водиме
еден до друг пак ќе одиме
среќни нека бидат денови
нека пукнат душмани.

Поврзано[уреди]