Василке млада невесто

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Василке млада невесто
зошто се млада омажи?
Зошто ме мене остави,
зошто си клетва подгази?
Зошто ме мене Васке остави,
зошто си клетва подгази?
Додека беше Васке девојка,
нива ми беше твојто маало,
и твојте Васке комшии,
и твојте први роднини.
И твојте Васке ле комшии,
и твојте први роднини.
Откога се мило либе омажи,
не ми е мило твојто маало,
ни твојте Васке комшии,
ни твојте први роднини.
Ни твојте Васке ле комшии,
и твојте први роднини.
Проклета да си Васке до века,
зошто ме мене младо остави,
зошто си клетва подгази
и на љубовта заборави.
Зошто си клетва Васке подгази
и на љубовта заборави.

Поврзано[уреди]