В' недела дојде лудо младо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
В' недела дојде лудо младо
у нас на гости. [x2]
Седе два дни, седе три дни
седеше недела.
Па си тргна да си оди
туѓа туѓина.
Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.
Не ме кани лудо младо
при тебе да дојдам, [x2]
јас си имам лоша мајка
и стари татко. [x2]
Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.
Јас не можам да те земам
тебе со мене, [x2]
јас си имам друго либе
и машко дете. [x2]
Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.

Поврзано[уреди]