Македонски народни песни/ Бор садила мома Евгенија
Изглед
(Пренасочено од Бор садила мома Евгенија)
- Бор садила мома Евгенија,
- Бор садила, ем Бога молила.
- Бор садила мома Евгенија,
- Бор садила, ем бога молила.
- Дај ми Боже бор да ми порасне,
- Да се качам на борови вејки.
- Дај ми Боже бор да ми порасне,
- Да се качам на борови вејки.
- Да здогледам сред море гемија,
- Во гемија-окован делија.
- Да здогледам сред море гемија,
- Во гемија-окован делија.
- Раце му се синџир-заврзани,
- Нозе му се франги-оковани.
- Раце му се синџир-заврзани,
- Нозе му се бука-оптегнати.
- На рамо му се два сива сокола,
- Го прашува мома Евгенија.
- Го прашува мома Евгенија,
- Со што раниш два сива сокола.
- "Парче сечам, соколи си ранам,
- Солзи леам, вода ги напивам.
- Парче сечам, соколи си ранам,
- Солзи леам, вода ги напивам."
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |