Прејди на содржината

Бог да ги бие Арапите

Од Wikisource
Бог да ги бие [х2]
Бог да ги бие Арапите
Арапите од Арабистан.
Што ми ојдоја, што навлегоја
што ми ојдоја во град Битола
во град Битола во ливаѓето.
Ги курдисале, ги курдисале
ги курдисале шаторите
ги закачиле бајраците.
И што му рекоја на Битолчанки
отворете ја чаршијата
чаршијата и дуќаните.
А Битолчанки што му рекоа
ај да сјојте од кај дојдовте
чаршијата е затворена.
Чаршијата е затворена [х2]
чаршијата не ја отвараме. [х2]

Поврзано

[уреди]