Бог да бие мојта мајка маќеа

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бог да бие мојта мајка маќеа.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
на мојта мајка маќеа.
Што ме даде пусто село ерменско.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
пусто село ерменско.
Во сабота навечер ме зедова.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
навечер ме зедова.
В понеделник на жетва ме пратива.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
на жетва ме пратива.
Ми дадова празна торба без лебец.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
празна торба без лебец.

Поврзано[уреди]