Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Бог да бие мојта мајка

Од Wikisource

Бог да бие мојта мајка е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Бог да бие мојта мајка
Бог да бие мојта мајка [2х]
де мори Јано де, де, де
де мори душо де. [2х]
Што ме даде на далеку
на далеку, преку Вардар
да мори Јано де, де, де
де мори душо де. [2х]
Да не можам да се видам
нит со мајка нит со татко
де мори Јано де, де, де
де мори душо де. [2х]
Нит со мајка нит со татко
нит со браќа нит со сестри
де мори Јано де, де, де
де мори душо де. [2х]
Нит со браќа нит со сестри
нит со мојто прво либе
де мори Јано де, де, де
де мори душо де. [2х]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни